Топ 10 најбогати градови во светот

Лондон е единствениот европски град кој се наоѓа на листата на топ 10 најбогати градови во светот, покажа истражување кое го изврши организацијата „New World Wealth“. При креирање на листата, во предвид било земено богатството на населението, односно вкупното приватно богатство.

 

Било утврдено и дека вкупното приватно богатство во 10 најбогати градови во светот се движи меѓу милијарда и три милијарди долари.

 

Листата изгледа вака:

 

1. Њујорк (3 милијарди долари)

2. Лондон (2,7 милијарди долари)

3. Токио (2,5 милијарди долари)

4. Силициумска долина (2,3 милијарди долари)

5. Пекинг (2,2 милијарди долари)

6. Шангај (2,1 милијарди долари)

7. Лос Анџелес (1,4 милијарди долари)

8. Хонг Конг (1,3 милијарди долари)

9. Сиднеј (1 милијарда долари)

10. Сингапур (1 милијарда долари)

 

 

Оваа листа, сепак треба да се земе со внимание, бидејќи, во Лондон на пример, постои голема разлика меѓу најбогатите и најсиромашните жители.

 

„Добро е познато дека економската нееднаквост во Обединетото Кралство е голема во споредба со другите напредни економии“, смета истражувачот Абигејл Мекнајт.

 

Слична е ситуацијата и во Лос Анџелес и Њујорк, каде постои најголемо ниво на нееднаквост во приходите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien