ВИДЕО – Се одржа 45-тата по ред „Критична маса“ во Прилеп

Вечерва во Прилеп се одржа 45-тата по ред „Критична маса“ чие мото е „Вози ако можеш!“.

 

– Вози, ако можеш да ги избегнеш сите дупки кои со години ги „красат“ прилепските улици…
– Вози, ако можеш да слегуваш на секој 100 метри за да го туркаш точакот на високите ивичници…
– Вози, ако можеш да леташ со точакот над секој паркиран автомобил…
– Вози, ако можеш со брзина на светлината да ја одбегнеш штотуку отворената врата од автомобилот кој стои пред тебе на коловозот…
– Вози, ако можеш да го носиш точакот секаде каде што влегуваш со тебе, зошто немаш паркинг…
– Вози, ако можеш да ги игнорираш сите кој ти свират од автомобилите додека ти возиш на -3, затоа што си ги задржал 3 секунди…
– Вози, ако можеш да најдеш барем една обележана велосипедска патека во Прилеп…
– Вози, ако можеш безбедно да стигнеш до твоето училиште, на точак како во секоја развиена држава…
– Вози, ако можеш – да те видам…

 

 

„Со ова мото сакаме да упатиме една критика за условите кои моментално се за возење и една порака дека не се вози точак само во лето, туку иако е ладно и сега може да се вози. „Вози ако можеш“ значи да ги преминеш сите бариери кои што се низ град Прилеп, па со тоа сакаме да укажеме на паркираните автомобили кои што се се уште тука, проблемот со необележаните велосипедски патеки. Истите проблеми се задржани и се уште се тука, но продолжуваме да возимеи има луѓе кои секојдневно се движат со точак низ градот, така да очекуваме да се подобрат нештата за во иднина“, истакна Борче Колароски, организатор на манифестацијата.

 

Покрај инфраструктурните проблеми, покрај проблемите со сообраќајот, какви се зимските услови во нашиот град?

 

„Зимското возење на точак во Прилеп е многу отежнато. Се чистат само коловизите каде што се движат автомобилите, пешачките и велосипедските патеки продолжуваат да бидат окупирани од снегот и од мразот. Но денес видовме мала акција од комуналните служби, ги средија и тие патеки, така да можам да речам дека има мало подобрување. Но како што кажа Борче, има голем проблем со движењето околу паркираните возила на улиците и упатуваме апел до соодветните институции да превземат соодветни мерки да се намали бројот на паркирани возила и во централното градско подрачје, доколку е во можност, истите да бидат забранети, односно да не можат да паркираат“, додаде Даме Димески, организатор на манифестацијата.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи