Скијачките терени се подготвени, овој викенд Крушево очекува голем број туристи

Скијачките терени се спремни за овој викенд. Oд ски центарот „Скаут“ информираат дека покрај жичарата ќе работат и двата ски лифтови.

 

Исто така, подготвена е и стазата за нордиско скијање, покрај двете стази на „Станиќ“ и стазата под жичарата.

 

Локалната самоуправа и ски центарот „Скаут“ овој викенд очекуваат голем број на туристи во Крушево, бидејќи според најавите, временските услови овој викенд ќе бидат погодни за скиење, што дополнително ќе придонесе за повеќе посетители.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи