Владина поддршка за мали и средни бизниси

Од идеја до реализација- Владата партнерски ќе ги развива иновативните проекти на компаниите со третиот столб преку Фондот за иновации со 645 милиони евра поддршка за малите и средните бизниси. Поврат на инвестицијата со пари од државната каса и до 70 насто.

 

„Кога се мали претпријатијата тие се ризични и направивме таков фонд за помош, каде што државата ќе им даде помош во основачкиот влог. Ако некој сака да отвори компанија на пример со основачки влог од 100.000 евра, државата во основачкиот влог ќе учествува со 25 отсто. Ова не се однесува само на нови претпријатија, туку и на постоечки што сакаат да се прошират. Ги повикувам сите заинтересирани, особено младите да не заминуваат во странство, туку да ја искористат оваа програма и да се занимаваат со претприемништво и на тој начин да обезбедат егзистенција и за себе и за своите вработени“, кажа Анѓушев.

 

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски кажа дека реализацијата на оваа мерка веќе почнала, бидејќи владата лани во декември обезбедила 50 милиони денари, а годинава се обезбедени 400 милиони денари. Тој појасни дека условите што треба да ги исполнат компаниите кои ќе аплицираат се дефинирани за секоја мерка посебно.

 

Покрај сите овие мерки, обезбедени се и средства преку Програмата за конкуретност, иновации и претпремништво што ја спроведува Министреството за економија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien