Нејмар во АУТ до крајот на сезоната!

Нејмар ова попладне слета во Рио де Жанеиро каде всушност и ќе подлегне на хируршкиот зафат, но пред да се случи сето тоа, бразилските медиуми останаа шокирани од изјавата која ја даде првиот лекар на бразилската фудбалска репрезентација.

 

По направените нови детални прегледи, утврдено е дека фрактурата на Нејмар на метатарзалната коска е многу полоша од тоа што првично се веруваше, па сега периодот од два месеци пауза ќе биде дополнително зголемен.

 

Докторот на „кариоките“ објаснува дека операцијата е најдобра солуција за ваков тип на повреда, но новите извештаи покажале дека периодот на рехабилитација ќе изнесува повеќе од тоа што беше наведено во соопштението на ПСЖ, односно наместо два, ќе мора да паузира три месеци.

 

„Фрактурата на Нејмар е од потежок карактер што претпоставувавме. Тој е тажен, но е свесен дека нема друга алтернатива освен операција. Ќе се посвети да биде подобар во најбрз можен период и сите ние ќе направиме сè за да биде подготвен за Светското првенство. Понекогаш, ваквите фрактури знаат да бидат невидливи, а таков беше случајот со Нејмар. Најдобрата и единствена опција е операција, со конзервативните методи повредата може само да се повтори и состојбата да се влоши“, октрива Родриго Ласмар.

 

Ова значи дека Нејмар до крајот на сезоната нема да може да му помогне на ПСЖ, а од друга страна пак, ќе се врати на терените само неколку дена пред мундијалот во Бразил, вест која исто така ги загрижи бразилските фанови кои имаат голема верба во најдобриот играч на селекцијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи