Продолжуваат бесплатните уписи во школата на ФК Победа

Клупското раководство на ФК Победа АД донесе одлука од 1-ви февруари 2018-та година да НЕ се наплаќа членарина за ниту една од генерациите кои се вклучени во работата на Пионерско-младинската школа на ФК Победа АД. Истовремено ФК Победа АД ги повикува сите заинтересирани и талентирани млади дечиња дека клубот е отворен за упис на нови членови во сите генерации.

„Наш фокус се младите категории и овозможување на максимални услови за нивна работа и развој, со ослободувањето од плаќање членарина на најмладите од Прилеп и околината со зачленувањето во нашата школа им се пружа можност да уживаат во убавината на фудбалот и фудбалската игра, а на родителите им се помага со заштеда од семејниот буџет. Во школата со најмладите ќе работат докажани тренерски имиња во македонскиот и прилепскиот фудбал!“, информираат од ФК Победа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien