СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ го уништи спортот во Прилеп, СДСМ го враќа на вистинските патеки

Со 12-ет годишното криминално и коруптивно трошење на буџетските пари, ВМРО-ДПМНЕ го клекна на колена спортот во Прилеп и граѓаните тоа добро го знаат. Истакнаа од О.О. на СДСМ Прилеп во денешната реакција по прес конференцијата на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Фудбалската икона на Прилеп  „Победа“ со години беше надвор од прволигашките натпревари, благодарение на катастрофалните политики на поранешната власт и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за фудбалот во Прилеп. Се до доаѓањето на власт на криминалната ДПМНЕ на локално и централно ниво, прилепска „Победа“ нижеше успеси и во првата лига и на меѓународни натпреварувања. Сето тоа заврши со цунамито наречено ВМРО-ДПМНЕ, што 12 години уништуваше се што макотрпно се градело во фудбалски Прилеп.

 

Наместо да инвестира во услови за квалитетен фудбал и градење на млади фудбалери, криминалната ДПМНЕ се интересираше само како да се приватизира ФК „Победа“. Најдобар пример за тоа е Гоце Ингилизов – поранешниот прв човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кум на поранешниот градоначалник Марјан Ристески, којшто стана еден од газдите на ФК „Победа“ со непаричен влог од 5.000  евра. Замислете, Ингилизов се стекна со 20 % од акциите на ФК „Победа“ затоа што донирал топлотна пумпа во клубот. Тоа е лажната грижа на ДПМНЕ за спортот во Прилеп.

 

Но и тоа било малку, па неговата мајка Милка Ингилизова како сопственик на заштитното градежно друштво за изградба, производство, трговија и услуги „Новоградба“ ДООЕЛ Прилеп добила тендер од приближно околу 300.000 евра, за реконструкција со доградба на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

 

Партизирањето на спортот за ВМРО-ДПМНЕ, не заврши само во фудбалот, тоа беше случај и со ракометот и другите спортови во Прилеп.

 

Како што ветивме, СДСМ ќе го врати спортот во рацете на спортистите. Ќе ги поддржиме фудбалот и ракометот во Прилеп, и на секаков начин ќе помагаме да го вратиме спортот на поранешните патеки на успех и врвни резултати.

 

За криминалци, нема место во спортот!“, велат од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien