Преку интегрирано делување до намалување на дискриминацијата

Асоцијацијата за неформална едукација на Роми „Ромска Солза“ од  Прилеп, во рамките на проектот „Преку интегрирано делување до намалување на дискриминацијата“, испрати порака до институциите и граѓаните за прекин на дискриминацијата, со којашто како што тврдат се соочуваат граѓаните Роми од Прилеп.

 

Во рамките на овој настан, што се одржа во градската библиотека „Борка Талески“, низ видео запис беа презентирани сведоштва на граѓани, кои што биле жртви на дискриминација.

 

„Видео записот има за цел да ги покаже сведоштвата на Ромите,што биле жртви на дискриминација, како и ставовите и гледиштата на приватните локали и на Општина Прилеп, токму по ова прашање. Проектот е при самиот крај. Во рамките на овој проект е подготвена и брошура, како и дистрибутивен флаер кој е дистрибуиран во населбата. Поднесени се и претставки до институциите на државата, во кои жртвите јавно сведочат за нивната дискриминација од страна на приватните локали“, посочи Киршан Мамудоски, извршен директор на  НВО „Ромска Солза“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien