Затоа е најголем: Меси најмногу голови дал против најдобрите шпански екипи

Лионел Меси е човекот кој најверојатно и ја врати титулата во Ла Лига на Барселона, откако со својот велемајсторски гол од слободен удар против дербито со Атлетико Мадрид им донесе победа на Каталонците и ги одалечи на плус 8 бода на табелата.

 

Тоа беше негов 600-ти гол во кариерата, кои ги постигнал во дресот на Аргентина и Барселона, а аналитичарите се потрудија да ги избројат сите голови, односно против кои се противници постигнувал погодоци.

 

Дека не е само обична статистика, односно дека не ги полнел колоните со голови против „обични“ екипи како Малага, Осасуна, Сарагоса, Спортинг Хихон и слични (секоја почит кон нив), доказ се бројките.

 

Имено, омилени жртви на аргентинскиот магионичар се токму најголемите екипи. Меси е најдобар кога е најпотребно и секогаш е тука за својата екипа против најсилните клубови, особено во Шпанија.

 

Меси најмногу голови во својата кариера постигнал против Севиља – дури 29. По андалузискиот тим, омилени жртви му се двете екипи од Мадрид, Реал и Атлетико. Против „Јорганџиите“ има 28 гола, а против Реал дури 25, со што е рекордер во „Ел Класико“. По нив на листата следува екипата на Валенсија против која дал 24 гола, а Топ 5 листата ја затвора Атлетик Билбао против кој постигнал 23 гола. Интересно, ова се петте екипи кои стандардно и историски се најдобри во Шпанија, а Меси очигледно најмногу ужива кога игра токму против нив.

 

Извор: СпортКлуб

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien