Историска средба во Пјонгјанг: Делегација од Јужна Кореја на преговори со Ким Џонг Ун

За првпат владини претставници од Јужна Кореја пристигнаа во Пјонгјанг во дводневна посета, каде треба да се сретнат со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, со цел подобрување на односите и решавањето на кризата околу севернокорејската нуклеарна програма.

 

Десетчлената делегација која ја предводи Чунг Еуи Јонг, советник за национална безбедност и специјален претставник на претседателот Мун Џае Ин, треба да го отворат патот за преговори на Северна Кореја со САД.

 

Пред тргнувањето Чунг на новинарите им кажа дека на Северот ќе му пренесе дека Мун се надева на нуклеарно разоружување на Северна Кореја и постојан мир на Корејскиот полуостров.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien