Хуманитарен конвој влезе во Источна Гута

По повеќе од половина месец, хуманитарен конвој успеа да влезе во Источна Гута, контролирана од бунтовниците. Агенцијата на ОН за хуманитарни прашања информира дека 46 камиони треба да достават храна и основни производи за живот на 27.500 луѓе.

 

Претставник на Светската здравствена организација за некои светски агенции изјавил дека припадници на сириските власти од камионите во конвојот ја извадиле опремата за хирургија и лекување рани, пред возилата да тргнат кон Источна Гута.

 

Во Источна Гута, каде живеат околу 400.00 луѓе, во изминатите две недели биле убиени повеќе од 600 цивили. Областа со месеци е под опсада и секојдневни бомбардирања.

 

Во сириската област беа воведувани времени примирја по барање на Русија и со поддршка од Обединетите нации.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien