Гвардиола: Манчестер сити не е на нивото на Барселона

Манчестер Сити игра на феноменално ниво оваа сезона. Го освоија Лига купот, на прагот се на освојување и на Премиер лигата, а по победата од о:4 на гости кај Базел на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони, речиси сигурно одат во наредна фаза.

 

Покрај тоа, формата која ја покажуваат „граѓаните“ неизбежно донесе споредби со непобедливата Барса на Гвардиола, со која Каталонецот стигна до три титули од првенството и две од Лигата на шампиони, но и единствениот кој со својот тим во една сезона ги освоил сите шест трофеи, во сите натпреварувања каде настапувал.

 

Сепак менаџерот на Манчестер сити, вели дека неговиот сегашен тим уште не е на нивото на неговиот поранешен клуб Барселона и дека за тоа да биде случајот тие мораат да доминираат долго време во Англија и Европа.

 

„Ние не сме на исто ниво со Барселона. Играчите се други, тие имаат фудбалери кои во минатото освојуваа многу трофеи, па ние едноставно за да стигнеме до тоа ниво мораме полека да почнеме да освојуваме титули. Не е добро за нас да се споредуваме со нив, тие доминираат цела декада со различни тренери и различни играчи. Ние само што го освоивме првиот трофеј. За да се израмниме со таков тип на тимови, мора да бидеме на врвот со години“, смета Гвардиола.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien