Снимките во „Поткуп“ прифатени доказ против Заев

По неколку одложувања, започна судењето за „Поткуп“ во кое Заев се товари дека барал околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

 

Судот ја прифати како доказ снимката објавена на Јутјуб во случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев за примање на мито. Судијата Дарко Тодоровски го одби барањето на одбраната на Заев да бидат отфрлени ПИ-мерките и посочи дека снимката била прибавена на законит начин и може да се користи како доказ во случајот.

 

Премиерот Зоран Заев изјави дека е невин и дека обвинението против него е бесмислено. Според него, обвинението било конструирано со цел да биде спречен политички да дејствува додека беше лидер на опозицијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien