ВИДЕО – Јаде само тогаш кога некој ќе и донесе нешто, живее без огрев, без струја и без помош од никого

Живее без струја 2 години бидејќи не може да си ги плати сметките, јаде само тогаш кога некој ќе и донесе нешто, a од покуќнина има само еден кревет. Цела зима ја поминува без огрев затоплувајќи се по ходниците на јавните институции. Ова е трагичната судбина на 55 годишната Славица Вељаноска, која живее сама во оваа куќарка пред распаѓање.

 

 

„По цел ден сум надвор, одам по луѓе, барам пари за лекови, пари за јадење, јадам само сува храна, манџа нема јадено со години, не се сеќавам кога беше последен пат кога јадев нешто убаво“, вели Вељаноска.

 

 

На ѕидовите има само влага и нем. Во тоалетот постојано и тече водата бидејќи нема кој да и ја поправи расипаната чешма. Живее со 5.000 денари кои вели дека не и стигнуваат ниту за лекови, бидејќи останатиот дел од пензијата и одел за рати за кредит, кој според неа и бил украден од одредени лица.

 

„Многу ми е тежок животот, осамена сум, пријатели немам, ништо немам, по цел по улиици бев, морав да одам некаде да се топлам, овде седев, се тресев од студ, колку патии имам сама седено тука и плачено“, додава Вељаноска.

 

 

 

Од Центарот за социјална работа – Прилеп велат дека ќе го испитале случајот и ќе ги преземеле сите потребни мерки за згрижување на Вељаноска.

 

„Ќе направиме се што е во функција на нашата можност да ова лице кое за жал можеби не може да се справи реално со промените во општеството, да најдиме начин иинституционално да ја згрижиме, доколку постојат за тоа одредени можности“, истакна Живко Силјаноски, директор на Центар за социјална работа – Прилеп.

 

Денеска фудбалерите од Победа и навивачката група „Мајмуни“ организираа и хуманитарна акција за Вељаноска.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien