Порно актерка го тужи Трамп за „договорот за замолчување“

Порноглумицата Сторми Даниелс во вторникот поднесе тужба против американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека тој никогаш не потпишал таен договор што ја обврзува да молчи за „интимната“ врска помеѓу нив двајца. Трамп негираше дека бил во врска со неа.

 

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, покрена тужба во Лос Анџелес тврдејќи дека договорот склучен на 28 октомври 2016 година е „ништовен и без последици“, бидејќи не го потпишал лично Трамп и дека таа може јавно да зборува за својот однос со Трамп.

 

Во интервју од 2011 година за списанието „InTouch“ актерката рече дека ја почнала сексуалната врска со Трамп во 2006 година, набрзо откако Меланија Трамп се породила со нивниот син Барон. Продолжиле во 2007 година, а се среќавале во Невада и Калифорнија.

 

Во јануари годинава медиумите повторно ја отворија темата откако се појавија шпекулации дека на Даниелс ѝ било платено да потпише договор со кој се обврзува да не зборува во јавност за наводната врска непосредно пред претседателските избори во 2016 година. Наводно, адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, ѝ исплатил 130.000 американски долари, обидувајќи се да ја замолчи, односно со цел глумицата да не открие ниедна доверлива информација за Трамп.

 

Иако Коен призна дека ѝ биле платени пари на Даниелс, тој не кажа зошто. Тој изјави дека Претседателот „категорично негира“ дека имал врска со порно ѕвездата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien