Приведени 13 лица во Турција, осомничени за подготовка на напад на конзулатот на САД во Адана

Турските власти уапсија 13 лица, од кои 12 Сиријци, под сомневање дека планирале напад на различни објекти, меѓу кои и конзулатот на САД во Адана, јави турската приватна телевизија НТВ.

 

Апсењата, изведени од специјални единици, биле извршени при истовремени акции на различни места во градот, во рамки на операција против терористичката група „Исламска држава”.

 

При извршените претреси биле запленети дигитални материјали, чија содржина треба да биде истражена, пренесува БТА.

 

Се проценува дека приведените биле во процес на подготовка на терористички напад, а меѓу потенцијални цели бил и конзулатот на САД во Адана.

 

Поради безбедносна закана, вчера и завчера беше затворена американската амбасада во Анкара.

 

Турската полиција на 5 март уапси четворица ирачки граѓани под сомневање дека планирале напад врз амбасадата на САД.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien