Ставре Јада го освои второто место на трката од 10 км. на Мавровскиот меморијал

Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање денеска го освои второто место на трката од 10 км. на 55-тиот по ред Мавровски меморијал кој се одржува на падините на Бистра. На овој меморијал учествуваат натпреварувачи од Бугарија, Србија, Грција, Романија, Македонија и Луксембург.

 

„Иако времето со дожд, па снег, многу ветер, имаше дури и магла сепак успеав да завршам на втората позиција. Беше навистина тешко, снегот пропаѓаше на патеката, беше доста мек, но успеав да се справам со сите тие негативни околности. На првото место заврши мојот пријател од Бугарија, Мартин Пенчев. Задоволен сум, ова ми е 4-ти резултат по вредност“, изјави за Инфо Компас, Јада.

 

Јада истакна дека и утре на трката од 10 км. ќе се обиде да освои едно од 3-те места.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien