Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп со низа активности и хуманитарен базар го одбележаа 8-ми март

Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8 март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. По тој повод учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од текстилно преработувачката и здравствената струка симболично со свои активности го одбележаа овој ден.

 

Учениците од текстилно преработувачката струка и фармација имаа хуманитарен базар. Учениците научените вештини ги применија во пракса и изработија производи со чија продажба собраните средства  ќе ги донираат во хуманиитарни цели.

 

„Стереотипите се вградени во културните, традиционалните и верските вредносни системи и им се пренесуваат на младите преку многу канали, вклучувајќи ги и нивните семејства, врсници, образовните системи и медиумите затоа учениците имаа и работилница на тема „Заедно за родова еднаквост“ на која се разговараше за разликите со кои мора да се соочуваат жените и за сите не нееднаквости во општеството, во компаниите или во секојдневниот живот,за принудените бракови и за семејното насилство. Овој ден овозможува да се потсетат сите дека жените имаат права, мора да го почитуваме нејзиното „Не“, и дека немаме дозвола да ја осудуваме според нејзината облека или било што друго. На денешницава, денот на жените сèуште е битен. Бидејќи сè додека не сме способни да постигнеме еднаквост меѓу мажите и жените, мора да го славиме овој ден повторно, да се потсетуваме дека борбата продолжува“, истакна професорката Петра Лукароска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien