ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија уште шест месеци

Европската унија денеска ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци.

 

Санкциите, кои се однесуваат на забраната за патување и замрзнување на имотот на околу 150 поединци и 38 компании, ќе бидат продолжени до 15 септември, соопшти Европскиот совет.

 

„Проценката на ситуацијата не ја оправда измената на режимот на санкциите“, се наведува во соопштението на Советот.

 

Поединците кои се на удар на санкциите се обвинети „за акции кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, се истакнува во соопштението на Европскиот совет.

 

ЕУ воведе санкции за Русија пред три години откако жителите на Крим гласаа на референдумот за спојување на тој полуостров со Руската Федерација.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien