Гризман ја одби и последната понуда на Атлетико, се поизвесен е трансферот во Барса

Францускиот интернационалец Антоан Гризман ја одби и последната понуда на Атлетико Мадрид за продолжување на соработката. Иако раководството на „Јорганџиите“ му понуди нов договор со значително зголемување на платата, која во моментот изнесува 14 милиони евра по сезона, сепак Гризман најавил дека сака нов предизвик во кариерата.

 

Се поизвесно е дека Французинот сепак ќе се пресели на „Камп Ноу“ претстојното лето, каде што го чека дресот со бројот 7. Откупната клаузула на Гризман изнесува 100 милиони евра, а шпанските медиуми откриваат дека трансферот е практично договорен и Барселона чека да дојде јуни и да ги исплати овие средства, што преселбата на одличниот  напаѓач ќе стане реалност.

 

Целата приказна со Гризман и Барселона трае од минатото лето кога Барса ги направи првите чекори. Гризман му излезе во пресрет на Атлетико и остана во клубот во моментите кога на „Јорганџиите“ им беше забрането да регистрираат нови играчи, што секако им одговараше и на Каталонците, бидејќи оваа сезона приоритет им беа Кутињо и Дембеле.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien