Мини документарец за создавањето на универзумот, од „Големата експлозија“ до денес

Режисерот и продуцент Џон Босвел, креирал timelapse видео, во кое за само десет минути можеме да го видиме создавањето на цел универзум од почеток до ден денеска.

 

Видеото на Џон е во вид на мини документарец околу формирање на универзумот. Секоја секунда во видеото претставува 22 милиони години, а додека времето минува, Босвел ги објаснува основите на секој период од формирањето на универзумот, од креирањето на првите ѕвезди, галаксии и црни дупки.

 

Дури од шестата минута на видеото можеме да видиме како почнал да се креира нашиот Сончев систем, додека животот на Земјата се појавува само во последните секунди од видеото.

 

Наратори во видеото се Брајан Кокс, Карл Саган и Дејвид Атенборо, а авторот во описот на снимката објаснува дека со ова сака да покаже колку во суштина е стара вселената и колку се ситни луѓето во сета таа приказна.

 

За изработка на ова видео, Босвел користеше податоци и снимки од НАСА, Voyage of Time, Cosmic Voyage, Wonders of the Universe и многу други извори.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien