Трамп го отпушти државниот секретар Тилерсон

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер соопшти дека го смени американскиот државен секретар Рекс Тилерсон со директорот на Централната разузнавачка агенција Мајк Помпео.

 

„Мајк Помпео, директор на ЦИА, ќе стане наш нов државен секретар. Тој ќе направи фантастична работа. Му благодариме на Рекс Тилерсон за неговата услуга. Џина Хаспел ќе стане новиот директор на ЦИА, прва жена избрана на оваа функција“, напиша Трамп на Твитер.

 

Тилерсон беше назначен за државен секретар пред само една година и за неговата смена почна да се зборува уште пред неколку месеци.

 

Трамп појасни дека го сменил Тилерсон затоа што сака да направи нов тим во пресрет на најавените преговори со Северна Кореја и за нови трговски договори.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien