Турската војска го опколи Африн, под опсада повеќе од 700.000 лица

Турската војска и нејзините сириски сојузници ги опколија Африн, 90 села и уште еден близок град, соопшти сириската Опсерваторија за следење на човековите права.

 

„Во рамки на нашите операции градот Африн е опколен на 12 март 2018 година“, соопштија од турската армија.

 

Според директорот на Опсерваторијата, единствениот пат што води надвор од тоа подрачје е под турска стрелба и поради тоа е неупотреблив, а под опсада се наоѓаат околу 700.000 луѓе.

 

„Турција наскоро ќе го „исчисти“ сирискиот град од екстремистите, а веќе ја има превземено и контролата во повеќе од половината од тоа подрачје“, порача портпаролот на турската влада, Бекир Боздаг.

 

Илјадници лица од вчера почнаа да бегаат од Африн во моментите кога турските сили се приближуваа кон градот и се упатија кон блиските области кои се под контрола на сириската Влада.

 

Градот Африн е главна мета на офанзивата која турција ја почна на 20 јануари против курдската милиција и нивните единици за заштита на народот. САД ја поддржуваат курдската милиција во Сирија, но Турција ги смета за терористи, како продолжена рака на курдските бунтовници кои се борат во Турција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien