Велика Британија ќе протера руски дипломати поради труењето на Скрипал

Велика Британија ќе протера значителен број руски дипломати како одговор на труењето на поранешниот руски двоен агент, Сергеј Скрипал во јужна Англија, објави Ројтерс.

 

„Ќе бидат протерани 23 руски дипломати што се идентификувани како непријавени разузнавачи. Ова ќе биде најголемата експлозија за 30 години. Тие ќе имаат една недела да заминат“, соопшти денеска британската премиерка Тереза Меј.

 

Меј рече дека Москва одбила да објасни како нервен гас направен во Русија бил употребен за труење на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија и дека британската влада ќе подготви легислатива за заштита на Велика Британија од непријателска државна активност, како и нов антишпионски закон.

 

Ќе бидат откажани и контактите на високо ниво со Русија, а поканата за министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за посета на Велика Британија е повлечена. Министрите и достоинствениците нема да присуствуваат на Светското првенство, пренесе Гардијан.

 

Официјална Москва соопшти дека нема да одговори на ултиматумот на Лондон додека Велика Британија не ѝ достави на Русија примероци од материјата на која се повикуваат британските истражители.

 

Во меѓувреме, Николај Глушков, близок соработник на починатиот руски тајкун Борис Березовски, бил пронајден мртов во неговиот стан во Лондон, само неколку дена откако поранешниот руски шпион скипал и неговата ќерка беа нападнати со нервен гас во Салсбери. Николај Глушков е руски бизнисмен, осуден за корупција и перење пари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien