ВИДЕО – Илиески : „Пазари“ должи 5 мил. денари, имотот е раскрчмен, а продажбата на млечниот пазар на „Тинекс“ е сомнителна

Јавното комунално претпријатие „Пазари“ се соочува со сериозни финансиски проблеми. Моите напори како нов менаџер на претпријатието, заедно со вработените, се насочени главно кон исплата на наследените долгови. Истакна на денешната прес конференција директорот на ЈКП „Пазари“ Кристиијан Илиески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во моментов ниту можеме да размислуваме за модернизација, ниту за каква било визија на прилепскиот пазар. Наследените долгови од претходното раководство, коешто не водело сметка за развој на фирмата, се огромна кочница. Се работело недомаќински, се крчмел имотот, се уништил ликот на еден од најубавите пазари во државата. Покриван е 4 пати, нестручно, неквалитетно, а 138м2  оставени се без покрив.

 

Продажбата на млечниот пазар е сомнителна. За тоа ќе се води посебна постапка. Освен што Прилеп го изгуби млечниот пазар со вековна традиција, јавното претпријатие изгуби имот, дел од својот капитал.За продажбата беше срушен објектот и десетина дуќани околу него, кои што носеа приход на ЈКП „Пазари“. Згора на тоа, на сметката од јавното претпријатие не е ефектуиран ниту денар од продажбата. Првин беше продаден на КАМ маректите, а потоа на Тинекс.

 

Посебна приказна е „Сточниот пазар“ кај терминалот. Угостителскиот објект во сопственост на фирмата е продаден за екстремно ниска цена од 800.000 денари, или 13.000 евра. За уредување на овој пазар, ЈКП „Пазари“ инвестираше 4 милиони денари, за да потоа со промена на деталниот план, Општина Прилеп им го одземе корисничкото право, што значи ЈКП „Пазари“ го изгуби и овој имот.

 

Каде се парите? Кој ги ефектуираше народните пари од продажбата на овој општествен, јавен имот, создаван со трудот на вработените со генерации?

 

Додека Пецо Димоски и ексградоначалникот Марјан Ристески,што ќе рече ВМРО-ДПМНЕ, го крчмеле имотот на ЈКП „Пазари“, вработените останувале без плата и надоместоци со коишто им се скратувани основните работнички права.

 

Еве дел од сликата за финансиското руинирање на претпријатието низ бројки. Во моментот на моето доаѓање на крајот на ноември, финансиски фирмата ја затекнав во енормно тешка состојба. На сметката немаше ниту денар. На 27-те вработени не им беше исплатена плата.

 

  • Само по основ на ДДВ, ЈП „Пазари“ должи кон УЈП над 2 милиона денари, плус околу 300.000 денари камата за задоцнето плаќање
  • Долгот за данок на имот изнесува околу 300.000 денари
  • На вработените по спогодби за неостварени права од Колективниот договор, треба да им се исплатат околу 700.000 денари од 2015 година
  • 000 денари се дополнителни обврски по истиот основ само за минатата 2017 година,
  • 000 денари, значи преку половина милион се создадени обврски на фирмата, за коишто сèуште немаме точни сознанија каде се потрошени…

 

 

 

 

Дека домаќинското работење е патот што не’ води до успехот, потврдуваат податоците од овие 3-4 месеци. Секој денар инкасиран во фирмата е наменско потрошен за исплата на енормните создавани долгови поради неодговорното и недомаќинско работење на претходното раководство.

 

  • Само за неполни две недели исплатив 2 плати во висина од милион и 600.000 денари
  • Исплатив заостанат долг за ДДВ од околу 300.000 денари за 2016
  • Преку 200.000 ден. се исплатени по спогодби за вработените, обврски од фирмата по Колективен договор
  • Покрај исплата на заостанатата плата од 800.000 денари, се исплаќаат и тековни обврски …

 

Состојбата е тешка и натаму. Ова особено ако се имаат предвид месеците кога пазарот не работи со полн капацитет,што значи и приливот на средства е многу ограничен. Но, мојата заложба со поддршка на вработените е ЈКП „Пазари“ финансиски да се консолидира, да ги исполнува потребите на пазарџиите, но и граѓаните. Прилепскиот зелен пазар којшто е веднаш до старата чаршија да го врати својот дух, да се врати еснафот, негуван низ прилепската традиција „во сабота на пазар во Прилеп“, потенцираше Илиески.

 

Заедно со неплатеното ДДВ и доспеаните обврски ЈКП „Пазари“ должело околу 5 милиони денари.

 

 

 

 

Илиески истакна дека имотот на ЈКП „Пазари“ бил комплетно раскрчмен, а единствен начин да се покриеле долговите биле наменски субвенции од 4 милиони денари кои тие ги побарале од локалната самоуправа.

 

„Со сточниот пазар работата е завршена, плацевите се продадени и тоа е тоа. Околу млечниот пазар или пазарот за сирење, првично е продаден на „КАМ ФУД“, но продаден е за коректна цена, односно 25% по вертикала од објектот, а после тоа е направен уште поштетен договор, јас тој договор го немам видено, со тој договор е продаден на „Тинекс“ и ние како ЈКП „Пазари“ добивме нула денари. Има служби кои се задолжени за тоа и ќе си го најдат крајот на оваа сомнителна продажба. Законски е нормално од 22 до 28%, 25% од објектот е сосема коректно. Јас дури седам на ова сточне ќе се залагам тие 25% ЈКП „Пазари“ да ни се вратат. Незнам дали тоа ќе го постигнеме. Сега ниие живееме само од закупнина на тезгите и дуќаните. Имотот беше од ЈКП „Пазари“, земјиштето можеби било од РМ, но имотот беше наш. Таков лош договор е направен што поранешното раководство се откажало од имотот на млечниот пазар, од сточниот пазар, од просторот каде што сега е новата катна гаража, раскрчмен е имотот на претпријатието“, додаде Илиески.

 

Според него само со домаќинско работење можело да се средии ситуацијата во ова јавно претпријатие.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien