Почина светски познатиот научник Стивен Хокинг

Познатиот бритaнски теоретски физичар и светски генијалец Стивен Хокинг починал рано утрово во својот дом во Кембриџ на 76 години.

 

Хокинг е познат по придонесите кон космологијата и квантната гравитација, а својата научна работа посебно ја посвети на истражување на црните дупки во вселената преку која ги износува своите теории за универзумот.

 

Тој беше омилениот физичар на јавноста затоа што јасно говореше за мистериите на универзумот, времето и црните дупки, а ја напиша и популарната книга „Кратка историја на времето“ објавена во 1988 година, која стана меѓунареден бестселер.

 

„Тажни сме поради смртта на нашиот татко. Тој беше голем научник и неверојатен човек чии дело и наследство ќе живеат со години“ стои во известувањето кое го објавиле неговите деца.

 

Стивен Хокинг е роден во Оксфорд во 1942 година и завршил студии по физика на Универзитетот Оксфорд, додека пак докторската дисертација од областа на космологијата ја одбрани на Универзитетот Кембриџ.

 

На 22 години му била дијагностицирана неизлечивата мускулна и нервна болест АЛС (амиотрофична латерална склероза) поради која му беа предвидени уште само неколку години живот. Поради болеста постојано беше врзан за својата инвалидска количка и не можеше да зборува без синтетизатор на гласот.

 

 

Неговиот придонес кон науката ќе остане траен доказ и потсетување за моќта на човечкиот ум и волјата да се живее и покрај тешката болест и останатите препреки.

 

Сопругата на генијалниот ум Стивен Хокинг, Џејн, пак во едно интервју во 2014 година истакна дека за сите бил генијалец, но за семејството тиранин.

 

Со неа тој има три деца, но во 1990 годиина ја остава поради медицинската сестра од неговиот тим со која се преженува. За брзо време се појавуваат гласини дека таа го занемарува и врши физичко насилство, но тоа не беше докажано, а двојката набрзо се разведе.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien