ВИДЕО – СДСМ : Јавното обвинителство да ја преиспита сомнителната продажба на млечниот пазар во Прилеп

Бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ биле над интересите на граѓаните. Класичен пример за тоа е наследената катастрофална финансиска состојба во ЈКП „Пазари“, што е директна последица на раскрчмувањето и сомнителна продажба на имотот на претпријатието од страна на поранешната власт, за што вчера информираше актуелниот директор Кристијан Илиески. Рекоа на денешната прес конференција од О.О. СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Го повикуваме ОЈО и финансиската полиција веднаш да ја преиспитаат самонителната продажба на поранешниот млечен пазар.

 

На продадената локација од над 1.600 м2 што се наоѓа во строгиот центар на градот ЈКП „Пазари“ имаше сопствен имот и десетина дуќани од кои претпријатието остваруваше редовен приход.

 

Мчелниот пазар првично бил продаден на фирмата „КАМ – ФУД“ според кој „Пазари“ требало да добие 25% од објектот што требало да се гради на локацијата, а потоа со нов договор бил продаден на фирмата „Тинекс“, од кој што ЈКП „Пазари“ нема инкасирано никакви средства на своја сметка.

 

Со продажбата мчениот пазар и дуќаните се турнати,претпријатието го изгубило својот имот, а за истиот досега нема добиено ниту денар.

 

Затоа законитоста на целата постапка со продажбата на млечниот пазар мора да биде темелно разгледана и преиспитана од страна на сите надлежни институции.

 

И додека поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески и поранешниот директор на „Пазари“, Пецо Димоски се фалеа со вакбата распродажба на јавниот имот, вработените во претпријатието останувале без плата, без надоместоци кои по закон им следуваат, а претпријатието тонело во долгови.

 

За расипничко и недомаќинско стопанисување со јавниот имот од страна на поранешната власт, одговорност мора да има.

 

Заврши криминалното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога функционерите на власта беа над законите, а институциите се обидуваа да ги сокриваат и заташкуваат нивните незаконски постапки

 

Општина Прилеп и Република Македонија забрзано чекорат по патот на развојот и прогресот, а граѓаните тоа го препознаваат“, велат од О.О. СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien