Митрополит Агатангел: Го поддржуваме претседателот Иванов во намерата да не го потпишува Указот

Целосно го поддржуваме претседателот на Република Македонија, Ѓорги Иванов во намерата да не го потпишува Указот за антидржавниот и неуставен Закон за јазиците што беше донесен на вандалски и нецивилизиран начин.

 

„Православниот народ од Повардарската епархија е згрозен од насилството врз демократијата, приредена од Талат Џафери и неговите истомисленици при донесувањето на разбојничкиот Закон за двојазичност во Собранието“, реагира Митрополитот Повардарски Агатангел, по вчерашното изгласување на Законот.

 

Тој истакнува дека пратениците кои го изгласаа овој Закон не можат да бидат сметани за ополномоштени народни избраници, поради рушењето на уставниот поредок. Законот ќе не води кон поделби, недоверба и продлабочување на разликите, подвлекува во реакцијата Агатангел, зашто македонски пратеници газеа врз интересите на сите народи во земјава.

 

Тие ги избраа личните, наместо народните интереси, продолжува Митрополитот Повардарски, и затоа според него е крајно време да се застане на патот на тиранијата која речиси 30 години, од разни страни, се спроведува врз мирољубивиот македонски народ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien