Џудо клубот „Пролетер“ се врати со 5 медали од меѓународниот турнир во Грција

Џудо клубот „Пролетер“ се закити со уште пет награди  кои ги освои на меѓународниот турнир во Грција, минатиот викенд. Натпреварот бил наменет за возрасна  категорија на деца за пионери и пионерки и кадети и кадетки до 18 години. На турнирот земале учество преку 300 натпреварувачи од Грција и џудо клубот „Пролетер“ од Прилеп .

 

„ Џудо клубот настапи со помлади членови и освои вкупно 5 медали од кои Теодора Димеска го освои првото место, три сребрени медали за Давид Спиркоски, Владимир Милчиноски и Давор Барак, еден бронзен медал за Леонид Бакароски и со овој настап на џудо клубот, покрај настапот во Романија минатиот месец го продолжува својот континуитет на успеси во оваа натпреварувачка година“ вели Славе Димитријоски тренер во џудо клубот „Пролетер“.

 

 

Ги очекуваат настапи на државни првенства во сите возрасни категории кои ќе бидат организирани од страна на Џудо федерација на Македонија. Во однос на тренерскиот кадар овој џудо клуб е подобрен со доаѓањето на поранешен член на клубот кој стручно се надоградил во Англија, а несебично го пренесува своето искуство на помладите натпреварувачи.

 

Оваа година џудо клубот „Пролетер“ ќе одбележи 40 години од своето постоење.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien