Кривична пријава против Доневски и против сопственикот на „Сејкуриком“

Управата за финансиска полиција вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување и „соизвршителство“ против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Васе Доневски и против лицето В.Г. во својство на сопственик и управител на Друштвото за обезбедување и услуги „Сејкуриком мулти сервис интернационал“ ДОО Скопје.

 

Според директорот на управата, Арафат Муареми, фирмата со незаконските дејствија се стекнала со противправна имотна корист од над 11 милиони евра, а допрва ќе се утврдува за колкава сума е оштетен државниот буџет.

 

„Истрагата траеше три месеци, а Управата за финансиска полиција вчера изврши претрес на неколку локации од каде што е одземена финансиска документација која не била предадена на Управата. Одземени се електронски уреди и едно патничко возило“, рече Муареми.

 

Според него, од истрагата е утврдено дека осомничените склучиле договор на 31 август 2015 година спротивно на член 15 од законот за јавни набавки, со кој „Секјуриком“ се здобил со противправна имотна корист од 660. 834. 855 денари.

 

„Првопријавениот со пречекорување на своите овластувања иницирал постапка за јавна набавка. За да избегне обврска да побара согласност од Советот за јавни набавки, испратил овластување за огласот за јавна набавка до седум економски оператори. Спорно е тоа што четири од овие економски оператори биле во сопственост на В.Г., додека две друштва претходно соработувале со „Секјуриком мултисервис интернационал“. Од седумте оператори биле добиени седум одговори за заинтересираност, но потоа била поднесена само една понуда од „Секјуриком“, велат од Управата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien