Прво и трето место за Џудо Клубот „СЕИШИН“ од Прилеп на Меѓународниот турнир „Фуат Гаши“ во Косово

Џудо Клубот „СЕИШИН“ од Прилеп се врати со два медали од Меѓународниот Меморијален турнир „Фуат Гаши“ кој денеска се одржа во Пеќ, Косово, во организација на Џудо Клубот „Кодокан“ од овој град.

 

Џудо Клубот СЕИШИН зеде учество со 2 натпреварувачи во машка конкуренција за Кадети при што го освои 1 златен и 1 бронзен медал. Првото место му припадна на Марио Цинцароски. кат. +90 кг., а бронзата на Орде Трајкоски кат. -73 кг.

 

Турнирот беше наменет за возрасните категории : Помлади Пионери, Постари Пионери и Кадети.

 

Од Џудо Клубот „СЕИШИН“ велат дека во следниот период продолжуваат со настапи на мнеѓународен план во исчекување на одредување термини за државните првенства кои од страна на Џудо Федерацијата на Македонија сеуште не биле закажани.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien