Џ. К. „Бушидо“ од Прилеп незапирлив, нови 3 медали на меѓународниот турнир „Фуат Гаши“ во Косово

Еден од најдобрите џудо клубови во Прилеп и Македонија, „Бушидо“ од Прилеп, после огромниот успех кој го постигна на меѓународниот турнир во Србобран, Војводина, од каде 10 натпреварувачи се вратија со 10 медали, денеска тројца членови на „Бушидо“ го освоија првото, второто и третото место во кадети на меѓународниот турнир „Фуат Гаши“ кој се одржа во Пеќ, Косово.

 

Со златен медал се закити Петар Јанкоски, второто место го освои Стефан Талески, а бронза доби Антонио Талески.

 

Турнирот беше наменет за возрасните категории : Помлади Пионери, Постари Пионери и Кадети.

 

Од Џ.К. „Бушидо“ велат дека планираат околу 9 излегувања на турнири надвор од Македонија за оваа година, во различни држави, а исто така работеле и на тоа да еден од нивниите натпреварувачи замини на еден од европските купови.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien