Енис Барди: Ќе дадеме сè од себе за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација ги започнува подготовките за двата контролни натпревари против Финска и Азербејџан кои ќе се одиграат во турска Анталија.

 

Нашиот национален тим денеска ќе се комплетира по пристигнувањето на капитенот Горан Пандев, потоа Стефан Ристовски, Езџан Алиоски и голманот Столе Димитриоски. Првиот тренинг селекторот Игор Ангеловски и репрезентативците ќе го имаат во 16:00 часот по македонско време во „Глорија“ спортскиот центар во Белек.

 

Нашиот интернационалец од Леванте, Енис Барди вели дека овие натпревари се многу важни како подготовка за главниот предизвик сезонава, Лигата на Нации.

„Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација, дел од овие момци, навистина е убаво чувството да се биде дел од сите нив, заедно со големи фудбалери како Пандев, Несторовски, Адеми или Трајковски. Првичните впечатоци се одлични, но ние сме тука да се подготвиме за нашата најважна работа оваа година, а тоа се натпреварите кои можат да ни донесат пласман на Европско првенство. Мораме да бидеме на високо ниво, ни следуваат два контролни натпревари, но за нас не се обични пријателски дуели, туку начин да што подобро да се подготвиме и тактички и технички за битните натпреаври кои ни следуваат. Ќе дадеме се од себе оваа репрезентација да напредува. Ние сме многу добра репрезентација, треба да се подготвиме и психолошки за предизвикот кој го носи Лигата на нации, а овие натпревари против Финска и Азербејџан ќе ни послужат да го подобриме и тој момент“, изјави Енис Барди.

 

Македонија дуелот со Финска ќе го одигра на „Глорија Арена“ во 17 часот по македонско време в петок, додека пресметката против Азербејџан е четири дена подоцна на стадионот „Мардан“, исто така во 17 часот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien