Крушево доби 500.000 евра од ЕУ за развој на туризмот и локалниот економски развој

Општина Крушево е првата општина во Македонија која оваа година доби финансиски средства од Европска Унија во износ од 499.000 евра за унапредување на туризмот и поттикнување на локалниот економски развој во град Крушево.

 

Во проектот се опфатени реконструкција на спортска сала и проширување на нејзината намена, поставување на сувенирници, патокази за туристичките и историските локалитети, организација на настан „Во недопрената природа на точак – Крушево 2018“ и други.

 

„Проектот за локална и регионална конкурентност“ е дел од 4-годишно инвестирање со финансиски средства од ИПА 2 програмата на ЕУ, а истиот е администриран од страна на Светска банка. Во овој проект општина Крушево ќе учествува со 4 милиони денари при имплементацијата, а главен координатор на проектот е кабинетот на заменик претседателот на владата за економски прашања“, велат од Општина Крушево.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien