СДСМ : Институциите да го расчистат случајот со палењето на викендицата од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Креирањето насилство, конфликти и нетрпеливост помеѓу граѓаните беа одлика на 12 годишниот криминален режим на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. За разлика од таквите насилни политики од кои ВМРО-ДПМНЕ никако да се оттргне, СДСМ промовира соживот, правда и концепт на еднакво општество, во кое сите граѓани ќе се чувствуваат рамноправни и заштитени. Истакнаа денекса преку писмено соопштение од О.О.на СДСМ Прилеп.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Во тој контекст ги повикуваме институциите да го расчистат случајот со палењето на викендицата на координаторот ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, за коешто денес ја извести јавноста.

 

Наместо да го вперува прстот во СДСМ, надевајќи се дека ќе заработи ситни дневно политички поени, нека погледне во сопствените редови и нека расчисти со внатрепартиските натпревари за позиции.

 

Методите на закани, притисок, уцени, закани по безбедноста на граѓаните и нивниот имот, никогаш не биле поддржани од СДСМ и нашите членови. Таквите методи останаа запамтени во колективната мерморија на граѓаните како симбол на деструктивното, криминално и корумпирано владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 12 години.

 

Граѓаните го надминаа и го поразија таквиот насилен концепт. Но, за жал новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ не успева да го надмине таквиот менталитет и продолжува да организира насилни протести, злоупотребувајќи го сопственото членство во протести на кои се шири омраза, раздор и поделба помеѓу граѓаните.

 

Се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира и не ги отфрли политиките на поделби и конфликти, освен деструктивна, не може да биде демократска алтернатива за Македонија“, велат од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien