Трамп ќе бара смртна казна за криумчарите и дилерите на дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп се очекува денес да го претстави планот за борба против дрогата, со којшто се предвидува смртната казна за криумчарите и дилерите на дрога.

 

„Министерството за правосудство ќе побара смртна казна за криумчарите на дроги кога тоа ќе биде можно, во согласност со постојните закони“, објавија од Белата куќа претставувајќи ги главните акценти од планот.

 

Претседателот Доналд Трамп би требало да ги претстави поединостите од споменатиот план во неговиот говор во Манчестер, во Њу Хемпшир, сојузната дражава којашто е многу тешко погодена од дрогите.

 

Целта е со планот да се намали и добивањето рецепт за употреба на опијати, и тоа за една третина во следните три години, со што ќе се промовира пракса што го намалува претераното препишување опијат во сојузната програма за здравствена нега.

 

Во 2016 година во САД се регистрирани приближно 64.000 смртни случаи од предозирања, од кои повеќето поврзани со користење опијати. Оваа категорија дроги опфаќа и аналгетици кои се издаваат на рецепти како оксидон и фентанил, како и хероинот кој често се меша со синтетички супстанции.

 

На почетокот од март на состанок во Белата куќа, Трамп истакна дека земјите кои ја применуваат смртната казна против криумчарите „имаат многу помалку проблеми со дрогите“ отколку САД.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien