Изложба на уметничка фотографија „Јордан Зазоски – Зазо“ во Прилеп

Утре со почеток во 19.30 часот во домот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана веќе традиционаната изложба на уметничка фотографија „Јордан Зазоски – Зазо“ во организација на Фото кино клубот од Прилеп.

 

„Оваа година изложбата се организира по петти пат и на неа ќе бидат изложени 60 фотографии од 45 автори, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија во нашиот град, и колкав е напредокот во изминатата година. Годинава, има голема бројка на нови автори, кои се всушност движечка сила на ФКК „Прилеп“. Тие преку низа на работилници и активности во клубот стекнаа знаења за создавање на уметничка фотографија и веќе се градат како препознатливи автори“, велат од Фото кино клубот од Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien