Јада : Ја завршив мојата најуспешна сезона, учествував на Олимпијада, а само во тренинг поминав 5.575 км.

Заврши една напорна, но сепак успешна сезона за мене, можам слободно да кажам и најуспешна со тоа што успеав на 19 години да бидам дел од Олимпијадата во Понг Чанг. Ова го изјави македонскиот репрезентативец во нордиско скијање Ставре Јада и учесник на Олимпијадата откако пред неколку денови заврши со оваа сезона.

 

„Од 17-ти април 2017 година, па се до 18 март 2018 година за мене беше тежок период исполнет со многу искушенија, предизвици, тешкотиии и проблеми затоа што патот до успехот не е рамен туку напротив треба многу тренинг и само трениг. Ова сезона изминав 5.575 км. во трениг. Исто така учествував на многу летни и зимски трки“, вели Јада.

 

 

 

Јада вели дека за оваа сезона ги исполнил двете најважни цели, освојувањето на А олимписка норма во Штребске Плесо во Словачка и остварувањето на најдобриот резултат во Грција на 5 км. и 76.79 ФИС поени.

 

„После напорниот период сега за мене следува одмор од 20-тина дена во моето родно Крушево, а од 15 април сакам да ја започнам мојата нова сезона, имам голема мотивација, а што ќе биде мојата следна цел ќе утврдиме заедно со мојот тренер Ѓоко Динески“, додава Јада.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien