„Духовите“ на Путин

Facebook
Twitter
Email
Print

Федералната служба за обезбедување (ФСО) е најтајната специјална организација во Русија, позатворена дури и од ФСБ.

 

Оваа моќна служба има задача да го заштитува рускиот претседател Владимир Путин. ФСО е до таа мера затворена што сите информации за оваа група се базираат на претпоставки. Токму поради таа тајност ги нарекуваат “духови”.

 

На јавноста не ѝ се соопштени никакви информации за операциите на ФСО, а она што се знае од пишувањата на медиумите е дека има околу 50.000 униформирани припадници, како неколку илјади од оние кои работат во длабока тајност. Покрај тоа, тие ја контролираат актовката во која се наоѓа контролата за нуклераното оружје на Русија.

 

Службата 16 години ја водел генералот Јевгениј Муров, постар колега на Владимир Путин од деновите кога работеле во КГБ. По пензионирањето на Муров, контролата над ФСО во 2016. година ја преземал неговиот заменик Дмитриј Кочњев.

 

Иако примарната задача на ФСО е да го заштити претседателот на Русија, нивните припадници се грижат и за безбедноста на судиите, министрите, високите службеници, а често заштитени сведоци.

 

Рускиот весник „Новаја газета“ пишувал дека ФСО има барем двајца двојници на Путин, кои се користат за егзибиции како што се пловидба со мини подморница по поморско дно, пилотирање авиони и слични активности опасни  по живот.

 

Идентитетот на овие претставници е во строга тајност, иако руските медиуми пишуваат дека на припадниците понекогаш им „излетува“ да објават фотографија на социјалните мрежи од некаква важни случувања на кои го следат Путин.

 

Како што пишувал рускиот портал “Russia Beyond”, ФСО има право да врши оперативна истрага, да прислушува разговори, да отвора писма, да приведува граѓани, да претресува станови и конфискува автомобили. Под нивна контрола е секоја 12. улица во Москва, а за сите граѓани кои живеат на тие улици се води посебно досие.

 

Тоа што се знае е дека денес ФСО ги врши сите задачи кои некогаш ги вршел КГБ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи