ВИДЕО – Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Општина Кривогаштани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против четририесет и осум годишниот Тони Заткоски, поранешен градоначалник на Општина Кривогаштани поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Според СВР Битола во периодот од 2013 до 2016 година Општина Кривогаштани склучила повеќе договори за набавка на гориво од приватна фирма. На 05.09.2016 година Општината склучила договор и со друг оператор. Но наместо само за службени потреби според СВР Битола од бензинските пумпи гориво ставале и лица кои воопшто не работеле во Општина Кривогаштани.

 

 

„Пријавениот не се придржувал на склучените договори и дозволувал и овозможувал да се става гориво на бензинска пумпа да се става и за други возила. Бензинските пумпи го фактурирале горивото на сметка на општината. Т.З. им дозволувал на вработениите во Општина Кривогаштани да ставаат гориво во сопствените возила, а тоа било фактурирано на сметка на општината што е спротивно на општиот колективен договор за јавниот сектор ва Р. Македонија. На тој начин била направена материјална штета на Општина Кривогаштани во висина од 212.976 денари, а во корист на трети лица“, вели Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien