Шпанските власти бараат пет години затвор за Чаби Алонсо!

Шпанското обвинителство повторно го обвини поранешниот фудбалер Чаби Алонсо за затајување на данок, информираат тамошните медиуми.

 

Според обвинителството, поранешната ѕвезда на Реал, Ливерпул и Баерн се обидел да ги скрие приходите од маркетинг во периодот од 2010 до 2012 година, кога играше во Реал Мадрид.

 

Станува збор за износ од 2 милиони евра. Шпанските обвинители за Алонсо бараат драстична казна – четири милиони евра и казна затвор во траење од 5 години!

 

Случајот бил отворен и во 2015 година, но Алонсо тогаш тврдел дека е невин па истрагата била прекината.

 

Алонсо е последниот фудбалер во низата на играчи за кои беше потврдено дека затајувале данок. Од затворски казни се спасија Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Хавиер Маскерано…, а сега останува да се види дали Алонсо ќе успее да се договори.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien