Најубавото француско село кое е под заштита на УНЕСКО и кое годишно го посетуваат над милион туристи

Во југозападниот дел на Франција сместено е шармантното село Рокамадур, кое секоја година го посетуваат милиони туристи.

 

Рокамадур е важна дестинација за христијаните веќе илјадници години. Местото е изградено врз темелите на маријански храм и стана популарно со приказни за чудесното лекување на пациентите. Но исто така многу битна причина за огромната посетеност е и самиот изглед на селото. Убавите градби даваат малку драматичен впечаток со самата положба на врвот на ридот. Во 2016 година, тоа е прогласено за најубавото село во Франција, а УНЕСКО го смести на листата за светско наследство.

 

Во пештерата која се наоѓа на карпата, околу 1100. година, пронајдено е тело на маж, толку совршено зачувано што веднаш се поверувало дека се работи за светец, околу кого се врти и легендата за создавањето на ова магично место.

 

 

Легендата вели дека телото било на светиот Закеј. Закеј бил порезник, кого Исус го прегрнал откако овој рекол дека дава половина од своето богатство на сиромашните и на оние на кои им е потребно. Дали пронајдетно тело навистина е на овој светец никогаш не е потврдено, но било доволна причина на оваа место да започне да се развива мало село.

 

Но она што во моментов може да се види е доволна причина за посета на ова село, кое што само по себе претставува атракција. Се потпира на карпа над реката и толку е фотогенично што е тешко да се опише. Со оглед дека се формирало на карпите, низ него минува само една улица, „Rue de la Couronnerie“, со средновековни куќи од двете страни кои се поприлично импресивини.

 

 

Во селото се наоѓаат неколку порти. Сите порти се утврдени со камени ѕидини, а „Porte du Figuier“ и „Porte Salmon“ се најубавите од сите.

 

 

„Rue de la Couronnerie“ завршува со скали анречени „Grand Escalier“. Овие скали водат до мал плоштад на кој има осум религиски градби. Има вкупно 216 скалила кои верниците ги минуваат клечејќи.

 

 

На врвот на карпата во 1105. година изградена е мала капела. Во 1112. година дошол да живее игуменот Туле и тој во 1148. година објавил вест за првото чудо. Од тој момент па се до денес селото Рокамадур станува важно одредиште за верниците.

 

Со пари од христијанството се финансирала и изградба на голема базилика „Саинт Савуер“, а со текот на годините околу неа биле изградени и други верски згради на релативно мал простор. Една од тие верски градби е капелата „Notre Dame“ во која се наоѓа Црна Мадона. До капелата се наоѓа уште една помала на Св. Михаел и палатата на бискупот.

 

Токму Црна Мадона била голем магнет за сите верници. Со статуата на црна Госпа, капелата е позната и по чудотворното ѕвоно кое ѕвони секогаш кога ќе се случи чудо на морето и ќе се спаси живот на некој морнар. По посетата на капелата продолжува искачувањето кон врвот на карпата каде се наоѓа „L’Hospitalet“, а завршната дестинација на сите им е прекрасното место од кое се пружа поглед врз целиот реигон.

 

 

Со оглед дека самото село со текот на годините го посетуваат околу милион луѓе, тешко дека таму ќе уживате во мирот. Местото секогаш е преполно со туристи, а најдобро време за посета е рано наутро кога е нешто помирно.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи