Заврши гласањето со џамлии во Гамбија – се воведуваат гласачки ливчиња

Гласачите во Гамбија ќе излезат на избори во април и мај за да ги изберат локалните власти. Изборите на советниците и градоначалникот ќе се одржат во две главни општини, Канифинг и главниот град Банџул.

 

Но, за разлика од досегашните избори, годинава во оваа западноафриканска држава ќе се промени начинот на гласање. Овде досега се гласало со џамлии.

 

Претставниците на општинската изборна комисија на секој гласач му доделуваат по една џамлија за гласање, по што тој гласа пуштајќи ја џамлијата низ мал отвор во бурето со фотографија од кандидатот за кој се определува. Избирачките претставници слушаат внимателно дали и колку пати ќе одекне ѕвончето поставено на крајот на цевката во бурето низ која паѓа џамлијата, со цел изборната комисија да се погрижи никој да не гласа повеќе од еднаш.

 

 

Броењето на гласовите се одвива на начин што џамлиите се редат во сад со по 200 или 500 дупки и потоа така се бројат. Резултатите се соопштуваат веднаш по броењето на гласовите.

 

 

Директорот на изборната комисија, Алио Момар Нџаи, рече дека ќе започнат со користење на гласачките ливчиња според интернационалните стандарди.

 

Во април минатата година, Нџаи го опиша системот со џамлии како „огромен логистички кошмар“.

 

„Изборите доаѓаат и си одат но Гамбија останува. Има правила за водење на кампањата и сите кандидати се водат по правилата“, изјави Момар Нџаи.

 

Приближно 900 000 гласачи се очекуваат да излезат на гласање на 1422 избирачки места низ државата. Гамбија го воведе уникатниот систем со џамлии во 60-тите како решение за да ги спречат измамите со гласачките ливчиња и да го олеснат учеството на неписмените во изборите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien