Димитров: Слеано име без превод не е најдобриот правец за водење на преговорите

Facebook
Twitter
Email
Print

Шефот на македонската дипломаија, Никола Димитров, на заедничката прес-конференција со неговиот грчки колега истакна дека имале доста конструктивен разговор околу иднината на двете држави.

 

Димитров потенцира дека е тешко да се најде разлика во интересите на двете земји, но разликите во ставовите за името постојат.

 

„Задачата не е лесна. Се работи за многу деликатен баланс. И двете страни се обидуваме да изградиме доверба и има желба за надминување на проблемот со името, а притоа да не се омаловажи било која страна“, кажа Димиторов.

 

Министерот за надворешни работи на новинарско прашање одговори дека слеано име без превод не е вистинскиот пат за водење на преговорите.

 

„Сегашната референца Поранешна Југословенска Република Македонија го содржи името Република Македонија и тоа е преведено на шестте официјални јазици на ОН. Тешко е да му кажам на мојот народ дека сложено име со некаква одредница заедно со името Македонија, во еден збор, е добро решение“, рече Димитров.

 

Тој нагласи дека сè уште има предрасуди околу спорот за името, но и двете страни се обидуваат да најдат заедничко решение.

 

Ќе продолжиме со процесот, идната недела во Виена ќе ги повториме разговорите со медијаторот Метју Нимиц. Таму ќе се разговара само за ова прашање. Ако треба ќе се видиме повеќе пати сè додека не најдеме начин да ги унапредиме работите“, рече Димитров.

 

И овој пат, Димитров не откри повеќе детали од разговорите. Тој досега во јавноста повеќепати кажа дека тоа може да му наштети на процесот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи