Одложена блокадата на патот Прилеп – Скопје поради најава дека ќе биде сменет директорот на „Еурокомпозит“

 

Вработените во „Еурокомпозит“ и денеска продолжија со штрајкот откако во четвртокот беа суспендирани 10 членови на синдикалниот одбор. Вработените велат дека продолжуваат со протестите се додека не бидел сменет менаџерскиот тим на оваа државна компанија. Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, им ветил дека директорот ќе биде сменет за неколку дена и затоа денеска ја одложиле блокадата на патот Прилеп – Скопје.

 

 

„Очекуваме дека во најскоро време ќе го сменат директорот имаме некоја најава од градоначалникот дека ќе биде сменет директорот и поради тоа ниие денеска го одложивме протестот на патот Прилеп – Скопје. Се надеваме дека денеска или утре ќе не известат за конечно решение и дека ќе се назначи нов директор. Утринава директорот имаше донесено одлука ние да не влегуваме во фабрикава и дека сме ги држеле во заблуда другите вработени. Ние сите вработени ги прашавме дека секој што мисли и сака да работи слободно да влези во фабриката, ние не можеме да ги спречиме. Но сите вработени ни рекоа дека ќе останат и дека ќе ни ја дадат поддршката, па по цена и сите да добијат откази“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикален одбор.

 

Според Богданоски доколку го сменат раководството 2 точки од договорот што неодамна го постигнале со Владата ќе биделе исполнети и ќе очекувале според ветувањата да им реши проблемот во рок од 6 месеци.

 

Инаку вработените немаат земено 16 плати и немаат платено придонеси од јуни 2012 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien