ВИДЕО – СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека заканите, сеењето омраза и повиците за јавен линч се кривични дела

Натписите за физички линч на народни избраници, со кои што е испишана канцеларијата на пратениците на СДСМ, се резултат на политичкото насилство што го потикнува криминалната ВМРО-ДПМНЕ. Истакнаа денеска на прес конференција од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Испишаните повици за убиство на народни претставници, избрани на легални и легитимни избори на кои што е потпишана самата ВМРО, само ги потврдува информациите дека оваа партија под плаштот на лажен патриотизам се обидува да испровоцира тешки инциденти со несогледливи последици за демократските процеси во државата.

 

Организираните закани врз пратениците, врз нивните семејства и домови се исто така дел од ваквото насилно сценарио за кое лесно може да се заклучи кој стои во позадина. ВМРО-ДПМНЕ мора да има предвид дека заканите, сеењето омраза и повиците за јавен линч се кривични дела за кои пред законот одговараат и потикнувачите и извршителите.

 

Партијата која што во рацете на Груевски и фамилијата 12 години ги тероризираше сопствените граѓани, уништуваше човечки судбини и семејства, спроведе грабеж од невиден размер мора да смогне сили и вистински да се реформира. Граѓаните нема да бидат заложници на криминалците кои потикнуваат протести, поделби и инциденти со надеж дека на тој начин ќе спречат расчистување со 12 годишното криминално и коруптивно трошење на парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ мора да го напушти концептот на поделби, конфликт и омраза. Граѓаните го поразија таквиот концепт и избраа еднакво општество, рамноправност и соживот.

 

СДСМ нема да дозволи деструктивни сили во општеството да ја загрозат европската иднина на Република Македонија ниту пак безбедноста на граѓаните и пратениците“, велат од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien