За долг од еден денар кон БЕГ, извршители наплатиле 12.439 денари од пензионер

Пензионер од Скопје за долг од 1 денар кон „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), добил налог за наплата од 12.439 денари. Крсте Серафимов бил даден на извршител од страна на компанијата за заостанат долг од 2016 година.

 

Извршителката Моника Муча од Скопје го активирала налогот за наплата, преку кој му е определена забрана за една третина од пензијата и активиран налогот за исплата на 12.439 денари.  БЕГ го ангажирал адвокатското друштво „Чукиќ и Марков“, па преку нотарот Снежана Сарџовска на Серафимов од пензијата му се симнати 12.439 денари за нивните услуги да го спроведат извршното решение за долг од 1 денар.

 

 

Во меѓувреме, од канцеларијата на народниот правобранител велат дека претставките до нив се зголемуваат, а извршителите често знаат да го злоупотребат законот за извршување, па дури да остават и деца без основни приходи. Загрижувачки според нив, е што дел од извршителите не ги слушаат препораките од народниот правобранител.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien