Осомничениот Никола Митревски-Кољо сам се пријавил вополиција и веќе е во притвор

Никола Митревски Кољо, осомничен за насилните настани на 27 април во Собранието и кој досега беше во бегство, сам се пријавил во полиција и е пренесен во Истражниот затвор во Шутка.

 

Управата на КПУ Затвор „Скопје“ за МИА потврди дека Митревски во затворот е доведен вчера со полициско возило околу 15.30 часот откако претходно самиот доброволно се пријавил во полициска станица.

 

Митревски беше во бегство од прв ден откако обвинителството ја објави истрагата и беше баран со меѓународна потерница

 

Според обвинението, Митревски заедно со Александар Василевски – Нинџа телефонски ги контактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, и го мобилизирале членството од другите градови за насилен упад во Собранието.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien