ВИДЕО – Прилеп нема да добие Центар за мигранти туку Информатички центар за чување на електронски податоци

Прилеп нема да добие Центар за мигранти туку Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата“, финансиран преку ИПА – претпристапната програма за помош на Европската Унија за 2013 година, за потребите на Министерството за внатрешни работи. Со овој демант денеска излегоа од МВР откако вчера со експресна брзина на социјалните мрежи се раширија слики и информации дека во градот ќе бидат сместени бегалци.

 

 

Инаку овој центар се гради веднаш до касарната „Мирче Ацев“, проектот е финансиран од ЕУ и тој ќе изнесува околу 3,4 милиони евра.

 

„Овој Информатички центар ќе обезбеди континуитет со работата и зачувување на податоците во случај на можни природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор. Вкупната вредност на овој проект е 3.398.473 евра, кој што треба да биде завршен од аспект на градежните работи до 15.11.2018. Договорот е потпишан помеѓу Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии и избраната компанија согласно критериумите на ЕУ“, велат во писменото соопштение од МВР.

 

Како имплементатор на овој проект во тендерската постапка за избор на најповолен понудувач била избрана фирмата „4А-М SHPK“ од Република Албанија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien