ВИДЕО – Генералниот директор на „Еурокомпозит“ си поднесе оставка, штрајкот ставен во мирување

Генералниот директор на „Еурокомпозит“, Александар Кузески, вчера си поднесол неотповиклива оставка, а вработените денеска го ставија штрајкот во мирување. Оставката следува по реактиврањето на штрајкот во компанијата и новите блокади на патот Прилеп – Скопје. Вработените бараат оставка на менаџерски тим за да се вратат на работат.

 

 

Кузески во телефонскиот разговор денеска само кусо ни изјави дека во фирмата се создал голем антагонизам и дека доколку решение за проблемите е неговата оставка тогаш и посакува се надојбро на оваа компанија.

 

Од синдикатот изјавија дека штрајкот го ставаат во мирување. Исто така се надеваат дека решенија за суспензија на целиот синдиикален одбор ќе бидат повлечени, кои ги донесе сега веќе претходното раководство и дека според договорот со Владата секоја месец ќе добиваат редовно плата во наредните 6 месеци.

 

 

„Врз основа на дописот од Владата на РМ дека генералниот директор Александар Кузески си поднесе неотповиклива оставка ние како синдикалци донесовме одлука штрајкот да биде ставен во мирување. Една од причините за отпочнување на овој штрајк беше токму промена на директорот Александар Кузески. Ние од понеделниик започнуваме со работа, доброволно, без назначен нов директор. Во наредните 6 месеци се надеваме дека Владата ќе ни го реши проблемот како што и се договоривме. Во моментов имаме работа, работиме за една српска фирма и за МВР“, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикален одбор.

 

 

Инаку според неофицијални иинформации се шпекулира дека новиот директор на оваа државна компанија ќе биде прилепчанец.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien